
Трифун Костовски, како поранешен мнозински акционер во згаснатата „Еуростандард банка“, јавно го коментираше случајот и беше повикан да сведочи на собраниската надзорна расправа за „Алта банка“.
Костовски зборува и за состојбата во Србија каде што вели дека не знае како Давор Мацура го стекнал сопствениот капитал меѓутоа се што се случувало во Србија му наликувало како во времето на „Црвената револуција“ во Советскиот сојуз, кога доаѓа нова власт и руши се.
„Како дошол до капиталот верувајте ми не знам, Алта банка за мене ги исполнувала сите услови како сериозна банка во соседна Србија до 25 октомври, тоа се факти, Алта банка оди во стечај веднаш, верувајте ми, живеам во еден нормален свет, меѓутоа ми наликува како во „Црвената револуција“ во Советскиот Сојуз кога доаѓа нова власт, руши се. Не знам, сакам солидни и јаки држави до мене“ кажа Костовски.

Македонски




