
Унгарскиот премиер, Петер Маѓар денеска попладне ќе ја посети украинската област Закарпатија, во западниот дел на земјата, каде што ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
На својата страница на Фејсбук, Маѓар наведе дека ќе се сретне и со претставници на унгарското малцинство во Закарпатија.
Тој веќе ја најави намерата да ја посети областа, населена со етнички Унгарци, истакнувајќи дека ниту еден унгарски премиер не бил во Закарпатија од 2015 година, дури ни по избувнувањето на војната во Украина.

Македонски




