
Во време на изборните кампањи на политичките лидери во Тесалија, тракторите се вратија на патиштата, а земјоделците размислуваат дали да ги повторат минатогодишните протести во пресрет на изборната година.
Вчера, трактори се појавија во Агија, во близина на Лариса, а за денес е планирана симболична блокада на пристаништето Волос.
Во среда, кога ќе се одржи национален штрајк, земјоделците ќе се приклучат на протестите на Конфедерацијата на државни службеници на Грција (ADEDI) и други синдикати со земјоделска механизација, објавува „Катимерини“.
Исплатата на субвенциите може да се покаже како одлучувачка за обновување на протестите.
Министерот за земјоделство Маргаритис Шинас изјави дека авансното плаќање за основната поддршка ќе се изврши на 30 ноември, а конечното до крајот на годината.
Сепак, бројот на земјоделци кои ќе добијат средства е за 115.000 помалку од минатата година. Околу 60.000 земјоделци не ги финализирале своите прелиминарни апликации, а уште 55.000 воопшто не аплицирале.

Македонски




