Skip to main content

Се санира покривот на училиштето „Никола Карев“ во Пробиштип

Во тек се градежните работи за санација на дел од покривната конструкција на Општинското основно училиште (ООУ) „Никола Карев“ во Пробиштип, која беше оштетена од невремето во летниот период.

Градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски вели дека за надминување на проблемот, Општината помогнала во подготовката на потребната техничка документација, додека средствата за градежните работи се обезбедени од сопствениот буџет на училиштето.

Со овој проект се создаваат подобри и побезбедни услови за одвивање на наставата, а грижата за образовните установи, нивната инфраструктура и безбедноста на учениците и наставниот кадар останува еден од нашите приоритети – вели Тоневски.

За санација на покривната конструкција на ООУ „Никола Карев“ се издвоени над 2.600.000 денари. 

Поврзани вести