
На 89-годиша возраст во Рим почина Паоло Булгари, славниот италијански дизајнер на накит и долгогодишен претседател на луксузната модна куќа „Булгари“, соопшти неговото семејство.
Тој придонесе семејната компанија „Булгари“ да стане еден од водечките светски брендови за луксузен накит.
Во соопштението, семејството му оддаде почит на Паоло Булгари, истакнувајќи ја неговата исклучителна човечност и претприемачки талент, како и неговата љубов кон Италија, чиј амбасадор беше низ целиот свет.
„Со неговата смрт, го загубивме најголемиот дизајнер на накит на нашето време“, наведуваат членовите на семејството.

Македонски




