
Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје денеска ќе организира превентивна здравствена акција по повод Месецот на машкото здравје, насочена кон подигнување на свеста за значењето на редовните прегледи и навремената превенција.
Во рамки на акцијата ќе се вршат превентивни ехо-прегледи на уринарниот тракт и простатата, како и консултации со специјалист уролог.
На настанот предвидени се обраќања на директорката на болницата и потпретседателка на Лекарската комора за секундарно здравство, д-р Ленче Нелоска, и претседателот на Лекарската комора на Македонија, проф. д-р Никола Јанкуловски.
Акцијата ќе се одржи од 10 до 11 часот во амбулантата во рамки на Специјализираната болница „13 Ноември“ во Скопје.
Од болницата посочуваат дека целта е да се поттикнат граѓаните, особено мажите, редовно да ја следат својата здравствена состојба и навреме да ги откриваат евентуалните заболувања.

Македонски




