Skip to main content

Бугари си го продале новороденото бебе за да си купат автомобил

Фото: Freepik

Бугарско семејство го продало своето новородено бебе во Грција за да купи половен автомобил, објави Бугарското национално радио.

Грчката полиција уапсила четири лица – бугарското семејство кое го продало детето и семејството кое нелегално го купило.

Полицијата во градот Пиргос известила дека бебето било старо три дена и за 3.500 евра неговите родители го продале на друго семејство. Примените пари биле искористени за купување автомобил, откриле истражителите. Детето е родено во болницата во градот Патрас и е продадено во градот Аспропиргос.

Случајот е откриен кога семејството што го купило бебето се обидело да го легализира со лажни документи.

Биолошкиот татко, кој е бугарски државјанин, двапати бил апсен за кражба и успеал да избега од полициската станица во регионот Илија.

Детето е хоспитализирано, а потоа за него ќе се грижат социјалните служби.

Против четворицата приведени е покренато обвинение.

Извор: Expres.mk

Поврзани вести