
Ни трага ни глас од Надзората расправа за случајот АЛТА банка. Минатата недела се одржа првата и засега единствена седница. На неа премиерот Мицкоски објави документ дека во време на СДСМ, поточно во владата на Димитар Ковачевски е направен првиот чекор кон продажба на државните акции во Стопанска банка Битола што било најава за влезот на српската банка.

Претседаталката на Комисијата за финансирање и буџет Сања Лукаревска од СДСМ веднаш по расправата за Алта банка закажа седница за новиот буџет. Најава за расправа за Алта банка засега нема иако и првата беше на барање на опозицијата.
ВМРО-ДПМНЕ упорно бара нова расправа за да се расчистат сите дилеми кај јавноста кој го направил првиот обид за влез на банката како и тоа дека АЛТА банка немала забрана за работа во ЕУ па поради тоа немало причина да се забрани и присуство во Македонија.
СДС и Филипче со денови ширеа паника, изнесуваа обвинувања и ја доведуваа во прашање стабилноста на банкарскиот систем. Тврдеа дека банката е неликвидна, дека ќе пропадне и дека граѓаните ќе останат без своите пари.И што се случи на крајот? Излезе вистината на виделина за СДС и ДУИ за нивните сопствени деловни релации со Алта банка и Давор Мацура.Бараа надзорна расправа а кога треба да одговорат на прашања на надзорната расправа, Филипче и СДС избегнуваат соочување и продолжување на надзорната расправа, велат од владејачката партија.

Македонски




