Skip to main content

Од украинска католичка црква во Канада украдено црковно ѕвоно постаро од еден век

Крадци украле 120-годишно црковно ѕвоно тешко повеќе од 130 килограми од камбанарија во канадската покраина Манитоба, јави ДПА, повикувајќи се на полицијата.

Во моментов не е познато како и кога точно камбаната била украдена, соопштија истражителите. Фотографиите од местото на настанот покажуваат материјална штета на камбанаријата со дрвени панели на Украинската католичка црква, која се наоѓа северно од Винипег.

Полициски службеник за Си-Би-Си изјави дека камбаната е направена од месинг и крадците веројатно не биле привлечени од неговиот прекрасен дизајн, туку од самиот материјал. Според медиумските извештаи, канадската полиција се сомнева дека некој можеби се обидува да ја продаде камбаната за старо железо.

Според Историското друштво на Манитоба, камбаната е донесено во Канада од Швајцарија во 1906 година.

Поврзани вести