
Во организација на НУ Центар за култура Битола и во соработка со Францускиот институт во Скопје, ќе започне со работа Францускиот кино клуб, наменет за младите и за љубителите на француската кинематографија.
Како што соопштуваат организаторите, првата филмска средба ќе се одржи на 17 ноември во малата сала на Центарот за култура во Битола, каде со почеток во 19 часот ќе биде прикажан францускиот филм „Приказната на Сулејман“ од 2024 година.
Кино клубот е замислен како простор за запознавање со француската филмска уметност, размена на идеи и отворање дискусии за темите, пораките и општествениот контекст на филмските дела.
По проекцијата ќе биде организиран разговор и дискусија што ќе ја модерира Елена Ристевска-Лутовска, со учество на историчарката Ивана Хаџиевска.
Хаџиевска се занимава со истражувања од областа на социјалната историја и политиките на сеќавање и е авторка на збирката есеи „Суспендирана итност: есеи од крајот на времето“, објавена во 2025 година.

Македонски



