
Авион на српската армија се урна на поле помеѓу Нова и Стара Пазова, а пилотот загина, објави Радио-телевизија на Србија (РТС).
Според објавата на телевизијата, станува збор за авион „МиГ-29“, кој припаѓал на 204-та воздухопловна бригада стационирана на аеродромот во Батајница.
На местото на несреќата, како што се додава, има припадници на српските вооружени сили, полицијата и Воената полиција, пожарникари и екипи на брза помош.
Од српското Министерство за одбрана ја потврдуваат информацијата за урнатиот авион и додаваат дека загинат е пилотот мајор Горан Булајиќ.
Во соопштението од Министерството се наведува дека е формирана комисија за истрага на настанот, која има задача да ги утврди околностите и евентуалната одговорност на воената организација, како и експертска комисија на воздухопловните сили, која треба да ги утврди причините за падот на авионот.
Мајор Горан Булајиќ е роден на 25 март 1973 година во Белград и во српската армија е од 1996 година.

Македонски



