
Денеска во Брисел се обратив на Форумот за проширување на Европската Унија – „EU Enlargement Forum 2026“, во организација на Европската комисија.Истакнав дека Македонија е силно фокусирана на спроведувањето на Реформската агенда, посветено работи на модернизација на институциите и е целосно усогласена со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, напиша премиерот Мицкоски.
Нашето учество во СЕПА и претстојната примена на принципот „Роаминг како дома“ се конкретни придобивки за граѓаните и потврда за нашата европска ориентација.Проширувањето на Европската Унија мора да се темели на заслуги, исполнети реформи и конкретни резултати, со фокус на изградба на поодговорни, поефикасни и потранспарентни институции.
За жал, наместо да се вреднува нашиот реформски напредок, Македонија и понатаму се соочува со условувања поврзани со уставни измени кои задираат во идентитетски прашања. И покрај оваа пречка, остануваме конструктивни, активни и посветени на изнаоѓање решенија, затоа што европската перспектива на Македонија мора да биде јасна, предвидлива и заснована на европските принципи и критериуми.

Македонски



