Skip to main content

Петмина повредени во пожар на божиќен базар во Белгија

Пет лица се повредени во пожар што избувнал во неделата претпладне на божиќниот базар кај опатијата Маредсу, во општината Анхе, провинцијата Намир во Белгија. Двајца од повредените се во критична состојба, а другите тројца се здобиле со изгореници или полесни повреди.

Според градоначалникот на Анхе, пожарот го предизвикала случајна експлозија на боца со пропан. Пожарникарите брзо го ставиле огнот под контрола. Две дрвени куќички на базарот се целосно уништени, а уште две се оштетени.

Базарот бил евакуиран и затворен за посетители во неделата. Намурското обвинителство е известено за случајот, а назначен е експерт што треба да ги испита околностите на експлозијата.

Поврзани вести