Skip to main content

Уапсен 29-годишник во Радовиш, полицијата му пронашла марихуана во домот

Фото: Freepik

Полициски службеници на 14 ноември го лишиле од слобода 29-годишниот С.В. од Радовиш, откако при претрес во неговиот дом пронашле марихуана.

Претресот бил извршен со судска наредба, при што биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од оваа дрога.

За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести