
Дел од корисниците во Општина Центар денеска ќе се без вода поради дефект на водоводната мрежа, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Според најавата, прекинот во водоснабдувањето е поради уличен дефект на водоводна цевка со пречник од 80 милиметри на улицата „Славе Ѓорѓиевски Шнајдерот“ бб, во близина на маркетот ДИМ, а без вода од 9 часот ќе бидат корисниците од улиците „Славе Ѓорѓиевски Шнајдерот“, „Славко Јаневски“, „Тетовска“ и „Јосиф Јосифовски Свештарот“.
Од ЈП „Водовод и канализација“ посочуваат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на интервенцијата и отстранување на дефектот.

Македонски



