Skip to main content

Предавање и работилница за креативно пишување инспирирани од друштвената игра „Синхроницитети“

Отворено предавање посветено на друштвената игра „Синхроницитети – Чувари на приказната“, авторски проект на визуелниот уметник и графички дизајнер Марко Трпески, ќе се одржи во киното „Синеплекс“, во организација на „Скопје Сити Мол“.

Настанот ќе биде проследен со разговор за креативноста, асоцијативното размислување и раскажувањето приказни преку визуелни симболи. По предавањето, од 13 часот ќе се одржи и работилница за креативно пишување базирана на концептот на играта.

Во разговорот ќе учествуваат авторот на играта Марко Трпески, писателот и преведувач Владимир Јанковски и психотерапевтот Никола Дукоски.

Според организаторите, „Синхроницитети – Чувари на приказната“ е игра што ги поврзува визуелните симболи, личните асоцијации и раскажувањето, овозможувајќи им на учесниците самостојно да создаваат приказни без однапред зададени толкувања или точни одговори.

Играта е наменета за возрасни и за деца постари од осум години, а акцентот е ставен на поттикнување на креативноста, имагинацијата, асоцијативното размислување и способноста за согледување различни перспективи.

По завршувањето на предавањето, посетителите ќе имаат можност практично да ја испробаат играта и да учествуваат во заедничко креативно пишување инспирирано од визуелните карти и сопствените асоцијации.

Поврзани вести