Skip to main content

Бруно Фернандеш одбива нов договор со Манчестер јунајтед

Facebook / Bruno Fernandes

 Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш[, ја одби втората понуда на клубот за нов договор, објавија британските медиуми.

Актуелниот договор на португалскиот играч од средниот ред истекува на крајот од сезоната, но клубот има опција да го продолжи за уште една сезона.

Доколку двете страни не успеат да се договорат за продолжување на соработката, медиумите проценуваат дека Манчестер Јунајтед ќе ја активира клаузулата за продолжување за уште една сезона пред 1 јануари.

Од почетокот на оваа сезона, Фернандеш постигна шест голови и додаде три асистенции на 14 натпревари во дресот на Манчестер јунајтед. 

Поврзани вести