
Тракторист им подлегна на тешките повреди, со кои се здоби откако тракторот му се придвижи и го прегази.
Како што соопшти МВР, вчера во 12:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бензинска пумпа на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје, 67-годишниот Р.К. од населба Сингелиќ, скопско, откако наполнил гориво и го паркирал тракторот „имт“ со прикачена работна машина со скопски регистарски ознаки, застанал до тракторот кој во еден момент сам се придвижил и со задното трклало го прегазил.
Притоа, Р.К. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што во 20:30 часот починал. Лекар констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Македонски



