Следејќи го кројот на работилницата „Вовед во сценска костимографија“, под менторство на истакнатата костимографка Марија Пупучевска цртавме, конструираме и реконструиравме костими.
По многу успешни шевови и безброј загубени шнолки, со голема радост Ве покануваме на изложбата која произлезе од работилницата. Оваа изложба ја склопивме имајќи на ум дека костимите не се само облека – тие се дел од сценскиот простор кој раскажува приказна, пренесува расположенија и го проширува значењето на театарските претстави. Преку оваа работилница, учесниците се запознаа со историјата, теоријата и креативниот процес на дизајнирање сценски костуми.
Изложбата ги претставува нивните дела – резултат на инспирација, посветеност и новостекнати вештини.
Кога: 04.02.2025 во 19.00 часот
Каде: КСП Центар – ЈадроНа изложбата, со свои дела ќе се претставата:
Марија Пупучевска, костимографка и менторка на работилницата
Марија Аргировски, учесничка
Елена Билбилоска, учесничка
Марија Бошковска, учесничка
Еми Дамјановик, учесничка
Марија Ѓоргиевска, учесничка
Софија Кирјази, учесничкаДојдете да ја погледнете магијата на сценската костимографија!, велат организаторите.