Струмичкиот театар ја започнува новата 2025 година со подготовка на претставата за деца и млади „Пепелашка“. На 27 јануари (понеделник) се случи првата читачка проба, а премиерата е закажана за почетокот на март.
Адаптацијата и режијата на оваа позната сказна се на Кољо Черкезов, во претставата играат Стојан Велков Трн, Ванчо Василев, Анкица Бенинова, Јасмина Вучкова, Оливера Аризанова-Мансбарт и Танкица Стојанова. Како гостинка во претставата ќе настапи младата струмичанка Васка Ангелова, дипломирана актерка, како и Михаил Велков , апсолвент по глума на Факултетот за драмски уметности во Скопје.