Skip to main content

Премиера на претставата „Татко“ од Август Стриндберг во режија на Благој Мицевски во битолскиот театар

Ансамблот на НУ Народен театар Битола новата театарска сезона ја почнува со премиера на претставата „Татко“ од Август Стриндберг, во режија на Благој Мицевски, воедно автор на сценографијата во новиот театарски проект на битолчани.

Претставата „Татко“ е психолошка драма со елементи на трилер, најави режисерот во пресрет на вечерашната премера која ќе се одигра на новата сцена во битолскиот театар.

Драмата „Татко“ од Август Стриндберг ги отвора прашањата за љубовта, недовербата и кревките граници на моќта во семејството. Преку оваа претстава се обидувам да ги отворам прашањата за односот меѓу мажот и жената, за осаменоста и мигот кога љубовта престанува да биде засолниште. Тоа е мигот кога човекот, соочен со сопствена ранливост, постепено го губи тлото под нозете, истакна режисерот Мицевски.

Главната улога во претставата ја игра Петар Горко, а заедно со него ќе настапат Катерина Аневска Дранговска, Сандра Грибовска Илиевска, Никола Пројчевски, Живко Борисовски и Соња Михајлова.

Поврзани вести