Skip to main content

Јунајтед е подтотвен да плати обештетување за да го доведе Покетино

 Манчестер јунајтед ќе мора да ѝ плати на Фудбалската федерација на САД приближно 10 милиони долари за предвремено раскинување на договорот на Маурисио Покетино доколку го назначат Аргентинецот да го замени Мајкл Карик, објавува „The Athletic“.

Договорот на 54-годишниот менаџер вклучува клаузула за предвремено раскинување. Сепак, трошоците на Јунајтед би можеле да бидат повисоки доколку Покетино одлучи да го донесе и својот тренерски персонал со себе. Клубот од „Олд Трафорд“ ќе мора да плати и надомест за предвремено раскинување на договорите на неговите помошници.

Во август, Покетино го продолжи договорот со Фудбалската федерација на САД до 2030 година. Аргентинецот е селектор на националниот тим од септември 2024 година. Претходно работеше во Саутемптон, Тотенхем, Париз Сен Жермен и Челзи.

По десет кола, Манчестер јунајтед се наоѓа на 18. место на табелата во Премиер лигата со осум бода. Манкуњанците ќе го играат својот следен натпревар на 22 ноември, на гости против Ливерпул.

Поврзани вести