Skip to main content

Дурловски повика на дарување крв за Бугарија: Пред болката и пред човечките животи, граници и политики не смее да има

Фејсбук Игор Дурловски

Оперскиот пејач Игор Дурловски испрати сочувство до семејствата на загинатите во тешката сообраќајна несреќа во Бугарија и ги повика македонските граѓани да донираат крв за помош на повредените.

Човечката солидарност е највисок израз на цивилизациската совест. И покрај политичките несогласувања, симболично, но и суштински, треба да испратиме дарувана крв за повредените, затоа што пред болката и пред човечките животи, граници и политики не смее да има, порача тој.

Во двете верижни сообраќајни несреќи на автопатот „Тракија“, во близина на клучката „Зимница“, вчера загинаа 11 лица, додека 51 се хоспитализирани.

Поврзани вести