Skip to main content

Полскиот репрезентативец Јанковски останува во Вардар до 2028 година

РК Вардар/Фејсбук

Македонскиот ракометен првак „Вардар“ ја продолжи соработката со полскиот пивот Виктор Јанковски, кој потпиша тригодишен договор.

РК Вардар со задоволство објавува дека полскиот репрезентативен пивот и во наредната сезона ќе го носи нашиот црвено-црн дрес. Јанковски во изминатиот период се етаблираше како една од најважните алки во нашиот состав, а во Вардар ќе остане најмалку до 2028 година“, се вели во клупското соопштение.

Јанковски дојде во Вардар пред стартот на сезоната 2025/26 од полскиот прволигаш Квиџин, а беше член и на гигантот Висла.

Поврзани вести