Skip to main content

Заврши реконструкцијата на улицата Даме Груев во делчевското село Тработивиште

Во селото Тработивиште, Општина Делчево, комплетно е завршена реконструкцијата на крак 2 од улицата Даме Груев. Реконструкцијата на улицата како што информираа од Општината е во вкупна должина од 380 метри.

Вкупната вредност на оваа инфраструктурна инвестиција изнесува 2.267.776 денари со вклучен ДДВ. Финансиските средства се обезбедени со заедничко учество, при што 1.134.015 денари се соодветно обезбедени од Министерството за транспорт, додека преостанатите 1.133.761 денар се издвоени од Буџетот на Општина Делчево – информираат од Општината.

Како што додаваат оттаму, реконструкцијата на оваа улица има за цел подобрување на комуналните услови и обезбедување побезбедно и полесно движење за сите жители во руралните средини.

Од Општина Делчево истакнуваат дека подобрувањето на условите за живот во сите населени места останува важен приоритет, со континуирано вложување во локалната инфраструктура што носи конкретни придобивки за сограѓаните, упатувајќи благодарност до Министерството за транспорт за поддршката, како и до жителите на село Тработивиште за искажаното трпение за време на градежните активности. 

Поврзани вести