Skip to main content

Општина Делчево ќе воведува зонско паркирање

Општина Делчево почнува постапка за изработка на сообраќајна студија со идеен сообраќаен проект и анализа за можностите за воведување зонско паркирање на подрачјето на градот .

Денеска градоначалникот Иван Гоцевски го потпиша Договорот со претставници од фирмата „24 ИНГ“ ДООЕЛ увоз-извор Битола, избрана како најповолен понудувач во постапката за јавна набавка за изработка на сообраќајна студија со идеен сообраќаен проект и анализа, за воведување зонско паркирање на подрачјето на град Делчево.

Предмет на договорот е професионална изработка на сообраќајна студија која треба да даде стручна анализа и предлог-решенија за организација на паркирањето, можностите за воведување зонско паркирање и подобрување на сообраќајниот режим во централното градско подрачје. Студијата треба да содржи идеен сообраќаен проект и анализа за воведување зонско паркирање со цел да се утврдат насоодветните решенија согласно со реалните потреби и сулови во градот.

Рокот за извршување на услугата е 12 месеци, а вредноста на Договор за изработка на студија е 600.000 денари, вредност без ДДВ.

Со почнувањето на оваа постапка, Општина Делчево прави чекор кон уредување на режимот на паркирање и подобрување на сообраќајната организација во градот, при што конечните решенија ќе се темелат на стручната анализа и изработената проектна документација.

Градоначалникот Гоцевски истакна дека целта на овој Договор е едноставна-Делчево да  добие соодветна студија која ќе понуди решенија за подобро искористување на ограничениот простор во централното градско подрачје. Делчево да има поуреден побезбеден и пофункционален сообраќај со решенија што одговараат на реалните потреби на градот и на граѓаните. Уреденото паркирање е дел од уреден град, без гужви и метеж по улиците, со поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот. 

Поврзани вести

giyimbahsegelJojobetfanatikbetstarzbetcasibom