
Портпаролот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда, Хосеин Мохеби, објави дека официјален Техеран ги укинува оперативните ограничувања на дострелот на своите ракети. Изјавата на Мохеби е објавена од националните медиуми.
Ограничувањата на дострелот на ракетите се укинати за нас, но сè уште треба да ги докажеме овие способности во пракса“, вели тој.
Пред конфликтот со Соединетите Американски Држави, официјален Техеран доброволно го ограничи дострелот на своите балистички ракети, развиени за одбранбени цели и за одвраќање на противниците, на помалку од 2.000 километри.
Во меѓувреме, во очекување на евентуално продолжување на непријателствата од страна на САД и Израел, врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, ѝ наредил на војската решително да одговори на секоја закана, без оглед на географските ограничувања.

Македонски



