Skip to main content

Протестен марш против фемицидите под мотото „Ниту една повеќе!“

„Не бараме сочувство, бараме одговорност“, порача учесничка на протестот во Скопје по трагедијата во Богданци, во која животот го загуби 17-годишната Билјана Кириќ. Демонстрантите побараа конкретни санкции за институционалните пропусти, итни законски измени за заштита од насилство и разрешување на функционерите кои со своите јавни ставови го оправдуваат или нормализираат насилството врз жените.

Во Скопје започна протестниот марш против фемицидите под мотото „Ниту една повеќе!“, по трагедијата во Богданци во која животот го загуби 17-годишната Билјана Кириќ.

Учесниците маршираат низ центарот на градот, барајќи одговорност од институциите, санкции за пропустите и итни законски измени за заштита на жените од насилство. Со пораките „Не бараме сочувство, бараме одговорност“ и „Истата полиција, истите институции, истите пропусти“, демонстрантите потсетуваат дека Билјана претходно пријавувала насилство и имала судска мерка за заштита, но сепак го загубила животот.

Маршот минува покрај Собранието и министерствата, а главното барање е институциите конечно да преземат конкретни мерки за да нема нови жртви.

За сите пропусти бараме имиња, одговорност и санкции. Итно поднесување и усвојување на законските измени за заштита од насилство“, порача учесничката на протестот.

Таа предупреди дека борбата против родово базираното насилство не може да биде успешна доколку истовремено се поткопува неговото препознавање во општеството и институциите

Не може да водиме борба против родово базирано насилство ако го поткопуваме неговото препознавање. Разрешете ги тие кои повикуваат на контрола на жените, го оправдуваат насилството или го нормализираат истото“, истакна таа.

Поврзани вести