
Од 12 до 15 ноември 2026 година, Македонската опера и балет ќе гостува во Ираклион, Крит, Грција, со операта „Набуко“ од Џузепе Верди.
Во оваа голема продукција ќе учествуваат солистите, хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет, обединувајќи ги своите уметнички сили во изведба на едно од најзначајните оперски дела на Верди.
Со изведбите во Ираклион, македонските уметници ќе ја претстават својата уметност пред меѓународната публика и ќе придонесат кон продлабочување на културната соработка.

Македонски




