
Православните верници денеска го прославуваат Св. Димитрија, христијански маченик кој се смета за заштитник на градот Солун.
„Република“ го посети храмот во Солун кој го носи неговото име и се увери дека во црквата има некоја чудотворна моќ која на верниците им дава некое посебно чуство на мир и спокојство. До Храмот лесно се стигнува и се наоѓа во ценатарот на градот. Доволно е на навигацијата да напишете „Агиос Димитриос.“
Храмот датира од времето кога градот бил втор по големина во Византиската империја, а денеска е на листата на светско културно наследство од УНЕСКО.

За време на отоманската окупација, црквата била претворена во џамија. Била муслимански храм се до 1912 година, а пак во 1917 година храмот бил целосно бил опожарен. По реставрацијата бил отворен влез кон криптата, а под олтарот бил пронајден сад со крвта на Димитрија.
Легендата вели дека моштите на светителот биле скриени во крипта и дека имало мироточение. Поради тоа верување, и денеска на денот на Светецот, ковчегот со моштите се отвора и на верниците им се раздава памук исполнет со ароматична течност.

Голем број верници за денот на светителот беа во храмот и трпеливо чекаа да му се поклонат на мошите и да го допрат саркофагот.

Во црквата секој може да си наполни светена вода, се продаваат сувенири и реликвии, а пак, за свеќи секој остава пари колку смета дека треба да остави.

Македонски




