
Грчката полиција издаде вонредно известување за сите возачи: ноќеска ќе има целосен прекин на сообраќајот на дел од обиколницата околу Солун, на лентата што води во насока кон западниот дел од градот, граничниот премин Богородица (Евзони) и Македонија, објавија во групата Грчка инфо.
Според информациите од сообраќајните служби, затворањето ќе се реализира ноќеска (среда, 19 август) во периодот од 23:00 часот до 05:00 часот наутро.
За време на шестчасовната блокада, сообраќајот ќе се пренасочува низ споредните и локалните градски улици, што може да предизвика забавување и зголемен метеж.
Спротивниот правец од обиколницата — кој води кон источниот дел на Солун и краците на Халкидики — ќе остане целосно отворен за сообраќај.
Македонски патници кои ноќеска се враќаат од Грција да ја планираат рутата навреме, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да бидат подготвени за дополнителни задоцнувања.


Македонски


