
Она кое што го слушаме изминативе денови од опозицијата, а се однесува на „Алта банка“, вчера се обидов да го сублимирам во изјава за време на прес конференцијата со евроамбасадорот Рокас.
Сакам уште еднаш да напоменам и тоа е многу важно, а тоа е дека станува збор за увезен проблем од кај нашиот северен сосед. Таму гледате што се случува, сега последна ионформација е дека и самите менувачници ја ограничиле количината која што може да се купува до 300-400 евра, значи не може повеќе да се врши конверзија на тамошната валута динари во евра и тоа претставува сериозен индикатор на стабилноста на тамошниот банкарски систем, се надевам дека најцрното сценарио ќе биде избегнато, затоа што Србија е значаен трговски партнер за Македонија, затоа што повеќе од милјарда и 200 илјади, милјарда и 300 илјади годишно имаме размена со нашиот сосед, изјави Мицкоски и продолжи: Голем број наши компании соработуваат со српски компании. Многумина од тие компании, сопствениците ми се јавуваат ме прашуваат што понатаму, бидејќи нивните партнери од Србија имаат блокирани сметки и средства во Алта банка и дел од нив го затвориле својот бизнис, односно банкротирале, со што практично нашите компаниии имаат проблем. Јас се надевам дека многу скоро ќе биде формирана владата и таа влада ќе води проевропска реформска политика, нешто што нас ни е многу важно.
СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение, вели премиерот.
Што се однесува со случајот „Алта банка“, јас и вчера во мојата изјава кажав, владата и опозицијата, конкретно СДСМ имаат разлиична амбиција. Тие се радуваат на црните сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение, односно купец кој што ќе ја купи банката, бидејќи банката навистина е во одлична состојба. Тие се радуваат граѓаните да не бидат обештетени мпо принципот на ТАТ од времето на СДСМ, по принципот на Еуростандард од времето на СДСМ, јас кажав и стојам на тоа, до последниот цент, секој доверител, секој штедач ќе биде обештетен, бидејќи најголемиот дел од штедните влогови се осигурани во фондот на штедни влогови, а активата на банката е многу поголема од побарувањата – дециден е Мицкоски.
Во следните денови ќе имаме средби со повеќе финансиски институции кои што би можеле потенцијални купци на самата банка, вели Мицкоски.
Ние се трудиме да не дојде до тоа, односно ова црно сценарио за кое што се моли секој ден и работи опозицијата СДСМ, да не се случи, да најдеме купец и следните неколку денови заедно со Гувернерот и министерката за финансии ќе имаме средби со повеќе финансиски институции кои што би можеле потенцијални купци на самата банка – појасни премиерот.
Премиерот ги повика граѓаните да не веруваат во невистините кои што ги шири СДСМ, бидејќи НБРМ и владата имаат инструменти со кои ја контролираат состојбата со банката.
Опозицијата мисли преку оваа увезена кериза од нашиот северен сосед ќе се факторизира и од политички целосно небитна политичка структура ќе се факторизира и на тој начин ќе привлече внимание и затоа се обидуваат преку невистина, конструкција, преку црни сценарија да ги наведат граѓаните, но тоа е сосема спротивно од она што е вистината. Затоа ги замолувам граѓаните да не веруваат на овие невистини, како што многу пати се случуваше во минатото, од тоа дека ќе носиме мигранти, дека сме банкротирале, незнам се уште не се случуваше од нивна страна. Како ништо што не се случи, така и овој пат да бидат спокојни. Народната банка и владата имаат свои инструменти и со помош на тие инструменти целосно ја контролираме состојбата. Тука нема апсолутно простор за загриженост.
Мицкоски уште еднаш потенцираше дека целта е да се спаси банката, бидејќи станува збор за здрава финансиска институција.

Македонски




