
Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање како ги коментира обвинувањата од опозициската СДСМ дека Владата го фингира јавниот долг рече: Го прочитав и тоа соопштение од опозициската СДСМ. Затоа е добро да јавното обвинителство се занимава со ова кривично дело саботажа, бидејќи ова што го зборуваат не е само дневна политика. Ова е многу подлабоко од тоа и навлегува во темелите на државата. Среќа што немаат кредибилитет кај граѓаните па тоа што го зборуваат, ретко кој верува, освен во тој круг во кој што тие се движат. Па така тоа што го зборуваат повеќе наидува на одбивање, отколку на одобрување. Па зарем вие ќе можете да препознаете, а сте дел од Светска Банка или Меѓународен Монетарен фонд подобри перформанси во македонската економија и да ги нивелирате вашите проценки за 2026та, ако Владата фингира? Не. Нормално дека не. Тие на тој начин ја обвинуваат Светска Банка и Меѓународниот Монетарен фонд, не Владата. Затоа велам кога испраќате таква порака, тоа не е само политичка порака, туку порака која што директно удира во темелите во државата. Ќе повторам, среќа е што немаат никаков политички кредибилитет лицата кои што испраќаат таква порака. Затоа повторно ќе се обратам до граѓаните, да бидат спокојни, точно знаеме што правиме и каде ја водиме државата, а резултатите се препознаени од сите наши партнери. Еве и денеска неговата екселенција амбасадорот тоа го кажа и сите кои што доаѓаат тука и за напредокот кој што го правиме и за економските резултати кои што оваа Влада ги прави.

Македонски




