Skip to main content

Рапсодија на вкусови: Миризлив колач со бадеми и дуњи

Magnific

Мирисна рапсодија на вкусови создадена од дуњи, лимон и бадеми, споени во овој колач е вистински избор за есенските денови.

 Состојки:


 За тесто:

  • 250 грама брашно
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 80 грама мелени бадеми
  • малку сол
  • 150 грама путер
  • 20 грама шеќер
  • 1 јајце
  • 600 грама излупени дуњи
  • сок од 1 лимон
  • 1 ванилин шеќер
  • 80 грама шеќер

За фил:

  • 2 јајца
  • 80 грама шеќер
  • 150 грама мелени бадеми
  • сок од 1 лимон
  • 40 грама листови бадеми 

Подготовка:

Брашното измешајте го со прашокот за пециво и малку сол. Додадете мелен бадем, шеќер, јајце и путер. Замесете тесто и оставете го во фрижидер 30 минути. Дуњите исчистете ги, исецкајте ги на парчиња и накапете со сок од лимон. Прелијте со вода и гответе додека не омекнат (околу 10 минути). Дуњите процедете ги и со миксер иситнете ги во пире. Измешајте ги со шеќерот, ванилиниот шеќер и оладете. Потоа тестото развлечете го и ставете го во калап за пита (24 см) и премачкајте го со пирето од дуњи и 1/3 оставете.

За филот одделете ги белките од жолчките. Белките изматете ги во снег, а жолчките пенасто изматете ги со шеќер, додадете мелени  бадеми, сок од лимон и остатокот од пирето од дуњи и снег од белки.Смесата прелијте ја преку колачот, израмнете и посипете со листови од бадем. Колачот печете го на 180 °C околу 45 минути.

Поврзани вести