
Во рамките на „Недела на јапонски филм“ вечерва во 19 часот во Кинотека ќе биде прикажан филмот „Маскирано одделение“ на режисерот Hisashi Kimura / Јапонија / 2020 / 114 мин
Шуго Хајами е дежурен лекар-замена во болница за долготрајна нега, која некогаш била психијатриска установа. Еден ден, тој ненадејно се соочува со опасен криминалец со маска на кловн, кој бара од него да ѝ укаже помош на повредената студентка Хитоми. Но, откако Хитоми е надвор од животна опасност, а криминалецот сепак одбива да си замине, Шуго сфаќа дека вистинските намери на „кловнот“ се многу посложени отколку што изгледаат на прв поглед. Во комбинација со мистериозни пациенти за кои не постои никаква евиденција и болнички персонал кој одбива да повика полиција, набргу станува јасно дека секој има нешто за криење во оваа приказна полна со неизвесност.
Заснован на медицинскиот мистериозен роман на Чинен Микито – кој и самиот е лекар – филмот „ МАСКИРАНО ОДДЕЛЕНИЕ “ е вешто направен трилер со заложници полн со напнатост и мистерија.

Македонски




