
На прашањето на „Фокус“ колку јавни институции се клиенти на Алта банка АД Битола и дали е загрозено работењето на државните институции, компании и исплаќањето на платите, Народната банка потенцира дека тие податоци се банкарска тајна.
„Согласно Законот за банки, податоците за поединечни клиенти, без оглед дали станува збор за физички или правни лица, претставуваат банкарска тајна. Затоа Народната банка не може да дава информации за тоа кои конкретни институции, претпријатија, општини или компании имаат сметки или средства во одредена банка.
По бројните реакции на граѓаните кои со право негодуваа дека неделниот лимит од 10.000 денари е премалку, се постави прашањето дали мерката е уставна со оглед на тоа дека примањето на плата, пензија или останати приходи е обврска за граѓаните регулирана со закон.
Извор Фокус.мк

Македонски




