Skip to main content

„Звукот на виолината“ со Александар Краповски

​Со огромно задоволство и радост ве покануваме на една посебна музичка средба и инспиративен разговор со нашиот истакнат уметник и поранешен ученик – виолинистот Александар Краповски (Алумни на ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“).

​Овој уникатен настан е одлична можност за нашите ученици, професори и љубителите на класичната музика да се запознаат со уметничкиот пат, искуствата и мајсторството на нашиот врвен музичар.

​Модератор: м-р Даница Стојанова, в.д. директор на ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ ​Добредојдени сте утре 04.11.2026 гпд во 12.00 ч. да уживаме заедно во магијата на виолината и да ја споделиме љубовта кон музиката!