
Тренерот на Интер, Кристијан Киву, ги пофали своите фудбалери по триумфот од 3:0 синоќа над Феенорд во четвртото коло од Лигата на шампионите.
-Знаевме дека нè очекува многу тежок натпревар тука. За среќа, успеавме да постигнеме ран гол. Тоа ни даде самодоверба. Станавме посмирени и сфативме дека правиме сè како што треба. Ја видовте најдобрата верзија на нашиот тим – во однос на организацијата, интензитетот и сè што е потребно за да се игра важен натпревар на гости, изјави Киву за „Скај спортс Италија“.
Интер има шест бода и моментално е на 14. место на табелата.

Македонски




