Skip to main content
rQaUtoggWDw

Интер едвај победи нагости кај Каљари

Тренерот на Интер, Кристијан Киву, коментира и ги искажа впечатоците за вчерашната победа од 1:0 над Калјари на гости во второто коло од италијанското фудбалско првенство.

– Ова се класични натпревари, каде што, ако не го решиш мечот, можеш да западнеш во проблеми. Станавме малку хаотични во второто полувреме, паничевме без потреба. Создадовме многу шанси, па ако има какво било жалење, тоа е што не ги реализиравме повеќето од нашите многубројни можности за гол.


Можеби е неправедно да страдаме толку многу на крајот, но со оглед на нашата физичка состојба и играчите кои штотуку се вратија од Светското првенство, ја напуштаме Сардинија со три бода и дополнителни минути време за игра за нашите играчи. Маркус Турам одигра 30 минути, Џонс го имаше својот прв настап, а Стоунс додаде уште неколку минути.
Единствениот начин да се подобри нивната физичка подготвеност е да им се дозволи да играат, така што тоа бара време, но ние сме задоволни од резултатот, го цитира „Скај спорт“ романскиот специјалист.

Интер е на врвот на табелата во Серија А со шест бода по два натпревари. Во следното коло тие ќе бидат домаќини на Наполи на 5 септември.

Поврзани вести