Skip to main content

Тешко повреден работник во Кисела Вода

архива

Скопјанец се здобил со тешки повреди на работното место.

Како што соопшти МВР, вчера околу 11:45 часот во СВР Скопје, од Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ е пријавено дека кај нив со повреди бил донесен И.Ц.(62) од Скопје.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фирма на подрачјето на Кисела Вода.

Известен е трудов инспектор.

Поврзани вести