
Цените на нафтата денеска на меѓународните берзи се спуштија под 106 долари за барел поради сигналите од Вашингтон за дипломатско решавање на војната против Иран и новиот круг разговори во регионот.
На берзата во Лондон барел нафта денеска се тргуваше за 105,83 долари, што е за 7,60 долари помалку во споредба со цената во петокот.
На американските берзи нафтата се тргуваше за 96,95 долари односно за 7,17 долари поевтино од петокот.
Октомври заврши со највисока цена по барел во изминатите шест месеци, поради стравувањата од ескалација на состојбата на Блискиот Исток по среднорочните избори во САД, што ќе се одржат во вторник.

Македонски




