
Поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, ќе учествува во изборот за нов претседател на земјата следната година, како претставник на конзервативната партија Христијанско-демократска унија (ЦДУ).
Веста за вклучувањето на Меркел во изборот денеска ја пренесоа неколку медиуми, пренесува ДПА.
Функцијата претседател во Германија е главно церемонијална, а претседателот се избира од страна на сите членови на Бундестагот (Долниот дом на парламентот), заедно со еднаков број претставници избрани од парламентите на 16-те германски сојузни покраини.
Наследникот на актуелниот претседател, Франк-Валтер Штајнмаер, ќе биде избран на 30 јануари 2027 година.
Германските сојузни покраини во моментов ги избираат своите претставници за овој собир, иако коалициската влада, составена од конзервативците на канцеларот Фридрих Мерц и социјалдемократите, сè уште нема постигнато договор за заеднички кандидат, пренесува германската агенција.
Поранешната канцеларка, која ќе ја претставува ЦДУ од северната покраина Шлезвиг-Холштајн, неодамна изрази став дека на местото на Штајнмаер треба да дојде жена.

Македонски




