Skip to main content

Знаењето за минатото е темел врз кој се гради почитта кон културното наследство, промовирана монографијата „Археолошки комплекс Старо Бонче“

Во просториите на НУ Завод и Музеј – Прилеп се одржа промоцијата на книгата „Археолошки комплекс Старо Бонче“, значајно научно дело посветено на истражувањето, документирањето и афирмацијата на еден од најзначајните археолошки локалитети во нашиот регион.

Преку оваа публикација, богатото културно и археолошко наследство на Старо Бонче добива уште една можност да биде доближено до пошироката јавност, потврдувајќи ја неговата историска и научна вредност.

Честитки до авторите проф. д-р Антонио Јакимовски, проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс и Душко Темелкоски,археолог, кустос советник како и до сите соработници кои придонесоа за реализацијата на ова значајно дело.

Знаењето за минатото е темел врз кој се гради почитта кон културното наследство.

Поврзани вести