Skip to main content

Промоција на книгата „Аристотел меѓу истокот и западот“

Издавачката куќа „Метаноја“ во соработка со Балканскиот институт за вера и култура, Ве канат на промоција на АРИСТОТЕЛ МЕЃУ ИСТОКОТ И ЗАПАДОТ: МЕТАФИЗИКА И ПОДЕЛБАТА НА ХРИСТИЈАНСТВОТО од Дејвид Бредшо. Оригиналната верзија е во издание на Cambridge University Press.
„Литературно каде Метаноја“, Петок, 30 октомври 19:часот, Максим Горки 19, Скопје 
Настанот ќе го отвори м-р Нада Милкова, директорка на „Метаноја“. 
Промотори:
д-р Коста Милков, м-р Стефан Цветановски и м-р Јован Јовановски.За книгата во предговорот Епископот Хераклејски Климент вели: „Книгата Аристотел меѓу Истокот и Западот: Метафизика и поделба на христијанството на професорот др. Дејвид Бредшо претставува своевидна научна платформа врз која авторот се обидува пред научната јавност да ги претстави Истокот и Западот со своите различни, лингвистички, философски, теолошки традиции. Како заедничка водилка низ книгата, како точка на соединување, но и на разединување на двете традиции,
Бредшоу го предлага токму Аристотеловиот поим ἐνέργεια. … Следејќи го поимот ἐνέργεια од неговите почетоци кај Аристотел, па натаму, Бредшо повеќе е насочен кон неговиот концептуален, отколку хронолошки развој. По анализата и значењата со кои Аристотел во своите дела го исполнил поимот, авторот вешто го пренесува читателот низ наративниот релјеф на книгата кој напати е стрмен и бара претходна библиографска подготовка за да биде доследно проследен.“
д-р Коста Милков во воведот пишува:  
Во  „Аристотел меѓу Истокот и Западот“ Дејвид Бредшо ја разгледува разликата и врската меѓу источната и западната мисла преку Аристотеловата метафизика и нејзината рецепција. Според Бредшо приемот и толкувањето на клучниот Аристотелов поим  „енергија“ на Истокот и на Западот довел до концептуално разидување помеѓу онтолошкото поимање на битието како статично (суштина) и како динамично (енергија, движење, живот и над сѐ дејствие).Делото повикува на повторно откривање на Аристотеловата енергија како клуч за обединување на научното и духовното разбирање на стварноста. … Бредшо предлага „мост“ за премостување на оваа поделба не во смисла на компромис, туку во смисла на „враќање“ на првобитниот динамичен реализам на Аристотел. Во ова читање на Аристотел битието е дејствие, а не само објект.

Поврзани вести