
Делови
Самостојна изложба на фотографот Марко Угарковиќ
1 ноември (недела) | 19.00 часот
изложбата ќе биде отворена до 7 ноември
Марко Угарковиќ е фотограф чие формално образование како дипломиран ТВ и филмски режисер се забележува во драматичните игри со светлото, просторот и поставеноста на субјектите. Неговата изложба „Делови“ ќе биде отворена на 1-ви ноември во КСП Центар – Јадро, со почеток од 19 часот. Изложбата „Делови“ се фокусира на славење на трудот и посветеноста што балетските уметници ги вложуваат во своите дела.
Во соработка со Илијана Данилов и Франциско Гименез, кореографијата која е изложена на фотографиите неретко делува на граница на возможното, истакнувајќи го врвот што човечкото тело може да го постигне.

Македонски


