
Двајца малолетници се повредени, од кои еден потешко откако паднале од електичен тротинет.
Како што соопшти СВР Тетово, вчера во 16:00 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат с.Градец, гостиварско – с.Пирок, тетовско, 17-годишник од с.Градец, управувајќи електричен тротинет изгубил контрола и паднал.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, додека со телесни повреди неговиот 15-годишен
сопатник од с.Градец, констатирани во Ургентен центар во Гостивар.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

Македонски


