
Најновиот филм на Милчо Манчевски „Сестра, брат и шахта“ денеска во Токио ќе ја има светската премиера на Меѓународниот филмски фестивал. Филмот е во натпреварувачката селекција на овој фестивал од А категорија. На 2 и 3 ноември закажани се уште две проекции на филмот.
„Сестра, брат и шахта“ е чудна комедија за оние што имаат и оние што немаат – во исто време лута сатира и суптилна поема за брат и сестра, кои живеат на маргините на општеството. Филм за антихерој кој, во неповторливиот стил на Милчо Манчевски, отфрла секаква жанровска класификација, мамејќи и солзи и смеа. Иако се случува во денешна Македонија, филмот содржи универзално размислување за тоа како луѓето живеат и се поврзуваат во современиот свет.
Во 1995, Јапонија за првпат виде македонски филм. Манчевски, кој е многу популарен во Јапонија, беше првиот македонски автор кој ги проби границите за македонскиот филм и во Азија. Тој беше во селекцијата на Токио уште со „Пред дождот“ и со „Прашина“, а во 2022 година и со „Кајмак“.

Македонски

