Skip to main content

 Николоски за проблемот со транспортерите: Се обидувавме да најдеме заедничко решение заедно со Шенген зоната, но, за жал, нема финално решение од страна на ЕУ

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски денеска уште еднаш порача дека не е доволно само да се одржуваат конференции и дебати, ако не се најде конкретно решение за проблемот со превозниците.

Учествувајќи на панел во рамки на швајцарско-македонскиот бизнис форум што го организира СвисЧем, Николоски во однос на билатералните договори, како решение за транспортерите, ја посочи Швајцарија и изрази надеж дека нејзиниот пример ќе го следат и останатите земји членки на Шенген зоната.

– Ние можеме да имаме одлични конференции, да си муабетиме, но ако потоа останеме затворени, беспредметен е секој разговор, оцени Николоски.

Според него, голем број од домашните превозници се соочуваат со сериозни проблеми зашто во Шенген зоната се водат како туристи и не можат да имаат престој повеќе од 90 во рамки на 180 дена.

– Ние се обидувавме да најдеме заедничко решение како земја од Западен Балкан заедно со Шенген зоната, но, за жал, нема финално решение од страна на ЕУ. Би рекол дека изостанува организиран пристап. Успеавме да направиме две работи, првата е во новата визна стратегија на Шенген зоната возачите да бидат препознаени како професионалци, да ги тргнеме од делот на туристите, и втората се билатералните договори со земјите од Шенген зоната – начин со кој се решава проблемот со билатерални визи кои би биле долгорочни работни визи. Швајцарија тука беше прва, за што се заблагодарувам. Почна да издава вакви работни визи за возачите и се се надевам дека тоа ќе биде пример што ќе го следат и останатите земји членки на Шенген зоната, подвлече Николоски.

Вицепремиерот во овој контекст се осврна и на конкурентноста.

– Да не зборувам во делот на конкурентноста, колку е поевтино стоката која се произведува тука да биде извезена до крајната дестинација од домашен превозник, а колку е поскапо странски превозник да дојде, да ја земе па да ја однесе таму каде што треба. Ова е навистина голем голем предизвик за ниенда зборуваме за проширување на граничните премини, потенцира Николоски.

Поврзани вести