Skip to main content

МНТ ја најави премиерата на „Црно злато“ на Дејан Дуковски, а во режија на Слободан Унковски на 27 ноември

Македонскиот народен театар (МНТ) ја најавува премиерата на претставата „Црно злато“ на Дејан Дуковски, а во режија на Слободан Унковски на 27 ноември на големата сцена. Претпремиератата е еден ден порано.

Во претставата на Унковски играат: Јовица Михајловски, Мини Таневска, Камка Тоциновски, Нела Павловска, Григор Јовановски, Сашко Коцев, Софиа Насевска-Трифуновска и Гораст Цветковски.

Ноемвриската програма на МНТ, како што соопштуваат од националниот театар ја одбележуваат претпремиерата и премиерата на „Црно злато“ а на репертоарот се и „Страв и надеж“, „Не се клади на Енглези“, „Марта Верина“, „Кец на десетка“, „Торонто експрес“, „Бели ноќи“ и „Широк дијафазон“. Програмата вклучува и повеќе изведби на „Златно славејче“, како и претставата за најмладата публика „Лефти и Рајти си најдоа дом“.

Во декември продолжуваат изведбите на „Црно злато“, заедно со претставите „Мој термин“, „Народен пратеник“, „12“, „Кец на десетка“, „Три сестри“, „Марта Верина“, „Животот е прекрасен“, „Торонто експрес“, „Бели ноќи“ и „Страв и надеж“, како и музичко-сценските содржини од програмата на МНТ.

Билетите се достапни онлајн преку официјалната веб-страница на МНТ, www.mnt.mk, како и на билетарницата на театарот, која работи секој работен ден од 13.00 часот.

Поврзани вести