Skip to main content

Филип Гечовски го посветува својот прв концерт на трагично загинатите другари кај скопската обиколница

Младиот гитарист Филип Гечовски ќе го одржи својот прв солистички концерт по класична гитара којшто го посветува на своите другари Петар, Адам, Марко и првенецот на македонската опера и балет Ризте Велков, кои на 21 мај трагично загинаа на скопската обиколница.

Филип е роден во 2005 година и со изучување на класична гитара започнал на деветгодишна возраст. Во моментов е студент на трета година на Факултетот за музичка уметност во Ниш, во класата на професор Милош Јањиќ. Добитник е на повеќе награди на меѓународни натпревари по класична гитара, а учествувал и на неколку музички настани.

Поврзани вести